ОСМИ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ЈОВАН МИНОВСКИ – ЈОЗО“

Петок, 18 Мај 2012 13:34
image Информација

Во недела, 20.5.2011, со почеток во 19.00 часот на спортското игралиште во средното угостителско училиште во Скопје „Лазар Танев“, по осми пат, свечено ќе биде отворен традициoналниот меморијален турнир во мал фудбал „Јован Миновски - Јозо“, чиј покровител е Општина Карпош. Оваа година на турнирот се пријавени 32 екипи, а натпреварите на истиот ќе се играат во групи, со цел да се задржи квалитетот на натпреварите.

Читај повеќе: ОСМИ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ЈОВАН МИНОВСКИ – ЈОЗО“

Предавање на тема „ Влијанието на телевизијата врз развојот на децата“

Четврток, 17 Мај 2012 12:53
image Покана

Денес, петок (18.05.2012) во 10 часот, во Салата на Кинотека на Македонија ќе се одржи предавање на тема „ Влијанието на телевизијата врз развојот на децата со посебен осврт на актуелната состојба со Телевизиите во Македонија“ во организација на “КАТ„ ПРОДУКЦИЈА – Детски Креативен Центар “Ѕвезда“, кој работи во просториите на Библиотекета “Другарче „ и во соработка и подршка на Општина Карпош .

Читај повеќе: Предавање на тема „ Влијанието на телевизијата врз развојот на децата“

„БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ – БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ “

Четврток, 17 Мај 2012 18:12
image Информација

Вчера, во ООУ„Петар Поп Арсов“ и во ООУ „Вера Циривири Трена“ се одржа првата едукативно - превентивна средба со учениците од седмо и осмо одделение, како дел од проектот „Драги ученици бидете информирани-бидете безбедни“. Станува збор за проект кој е поддржан и одобрен од Општина Карпош, чија цел е превентивно делување и едуцирање на учениците од Општина Карпош кои во секојдневието се изложени на разни предизвици и закани од безбедносен, здравствен воспитен аспект.

Читај повеќе: „БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ – БИДЕТЕ БЕЗБЕДНИ “

КАРПОШ ОЧЕКУВА ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ ОД ГРАДСКАТА ВЛАСТ

Четврток, 17 Мај 2012 14:39
image Информација

Денес градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски му беше домаќин на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, како и на директорите на сите јавни претпријатија од градот. Во трииполчасовната средба која се одржа во старите општински бараки двајцата градоначалници ги искажаа своите намери и очекувања од меѓусебната соработка. Централната забелешка на градоначалникот Јакимовски што ја упати кон градската власт е нивото на инвестиции кои ги има Градот Скопје во Општина Карпош, и кои се уште не се на задоволително ниво. Трајановски вети дека годинава ќе продолжи со проширување на булеварите и на територија на Карпош и тоа на Теодосиј Гологанов од Центар до „Алумина“, потоа на „Илинденска“, а заедно со Карпош ќе работат и на изградба на булеварот Димитар Митров, улицата Манапо и др.

Читај повеќе: КАРПОШ ОЧЕКУВА ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИЦИИ ОД ГРАДСКАТА ВЛАСТ

Покана за трибина на тема: „5 ЗА ЗДРАВА ХРАНА“

Четврток, 17 Мај 2012 08:05
image Покана

Денес, четврток (17.5.2012) со почеток во 18.00 часот во просториите на Општина Карпош (бул. Партизански Одреди бр.68) барака бр.5 ќе се одржи трибина на тема „5 за здрава храна“.

Читај повеќе: Покана за трибина на тема: „5 ЗА ЗДРАВА ХРАНА“

JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Огласна табла

  • 18.01.2012 - ОДЛУКА за неспроведување стратегиска оцена за планскиот документ Предлог ДУП за дел од населба Тафталиџе
  • 23.1.2012 - СООПШТЕНИЕ за Повторно организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за Централен градски парк Блок 1, Општина Карпош, Скопје- ПРЕЗЕМИ НАЦРТ ПЛАН
  • 30.01.2012 - ОДЛУКА за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ измена и дополна на ДУП за дел од локалитет Козле МЗ „Кузман Јосифовски Питу“ блок 34 и 35
  • 9.2.2012 -     ОДЛУКА за неспроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Измена и дополна на ДУП за М3„Владо Тасевски-26“ дел Г, населба Тафталиџе
  • 13.2.2012 - СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за дел од локалитет Косле МЗ Кузман Јосифовски Питу дел од блок 35 и дел од блок 34, Општина Карпош, Скопје- ПРЕЗЕМИ НАЦРТ ПЛАН
  • 3.4.2012 - СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за дел од детален комплекс на зеленило покрај река Вардар„Младинско спортски центар“, дел од Блок 1 и дел од Блок 2,Општина Карпош, Скопје- ПРЕЗЕМИ НАЦРТ ПЛАН
  • 12.4.2012 - ОГЛАС за ко-модератор
  • 3.5.2012 - ОБЈАВА за отуѓување на градежно земјиште ДУП за северниот дел од „Касарна Илинден“
  • 11.5.2012 - Исправка на ОБЈАВА, објавена во „Службен весник на Р.Македонија“ на 3.5.2012г,за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија-ДУП за северен дел на „Касарна Илинден“.
  • 11.5.2012 - Исправка на ОБЈАВА, објавена во „КОХА“ на 3.5.2012г,за оттуѓување на градежно земјиште сопственост на Р.Македонија-ДУП за северен дел на „Касарна Илинден“.
  • 15.5.2012 - СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт урбанистички план за село, за дел од село Горно Нерези, Опфат “А“,Општина Карпош, Скопје ПРЕЗЕМИ НАЦРТ ПЛАН
  • 15.5.2012 - СООПШТЕНИЕ за организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Нацрт - Деталниoт урбанистички план за населба Козле, М.З. “Пецо Божиновски - Кочо“, Дел А, Блок 1 , Општина Карпош, Скопје- ПРЕЗЕМИ НАЦРТ ПЛАН
  • Дивоградби
    You need Flash player 6+ and JavaScript enabled to view this video.



    Неделен Е-Билтен на Општина Карпош

    Има 8 гости присутни