На спортското игралиште ,,Алумина”, денеска, по тринаесетти пат се одржаа пензионерските спортски игри во Карпош. На оваа традиционална манифестација, која е во организација на Одделението за спорт и култура при Општината, се дружеа членовите од  двете карпошови пензионерски здруженија, ,,Карпош” и ,,Тафталиџе’’ и си ги одмерија силите во неколку спортски активности.

                    Лицата од третото доба, се натпреваруваа во дисциплините шут на гол мажи и жени, а ги одмерија своите сили и во пикадо, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри мажи и жени, додека пак мажите се натпреваруваа во дисциплината скок од место, како и влечење јаже.

       Во рамки на овој спортско-рекреативен настан, беа доделени дипломи и пехари за најдобрите  натпреварувачи, а останатиот дел од денот беше резервиран за дружба и добро поминато време.

 Податоци за наградените на Пензионерските спортски игри

Фрлање ѓуле:

– мажи

1.Кралевски Иван -ТАФТАЛИЏЕ

2.Благоја Андоновски -ТАФТАЛИЏЕ

3.Божиновски Живко-ТАФТАЛИЏЕ

 

-жени

1.Трајановска Росина – КАРПОШ

2.Куцуловска Љубица – ТАФТАЛИЏЕ

3.Јаневска Илинка – КАРПОШ

 

Пикадо:.

-мажи

1.Крстев Стојан – ТАФТАЛИЏЕ

2.Груевски Стевче – КАРПОШ

3.Димитровски Ристо – КАРПОШ

 

-жени

1.Младеновска Деска – КАРПОШ

2.Станковска Роза – КАРПОШ

  1. Крстева Славица -ТАФТАЛИЏЕ

 

Трчање  80 метри мажи:

 

1.Петровски Тодор – ТАФТАЛИЏЕ

2.Милановски Славе – ТАФТАЛИЏЕ

3.Станковски Ѓорги –ТАФТАЛИЏЕ

 

Трчање 60 метри жени :

 

1.Муратовска Снежана – КАРПОШ

2.Бошевска Јадранка – КАРПОШ

3.Аврамовска Биљана –ТАФТАЛИЏЕ

 

Шут на гол:

-мажи

1.Вучидолов Спасе –ТАФТАЛИЏЕ

2.Стефановски Љубомир – КАРПОШ

3.Дамовски Илија –ТАФТАЛИЏЕ

 

-жени

1.Куцуловска Љубица –ТАФТАЛИЏЕ

2.Бабакова Маја – КАРПОШ

3.Петковска Светлана –ТАФТАЛИЏЕ

 

Скок од место:

-мажи

1.Вранешевиќ Томислав –ТАФТАЛИЏЕ

2.Крлевски Иван –ТАФТАЛИЏЕ

  1. Велковски Љубе –ТАФТАЛИЏЕ

 

Влечење јаже:

Победници Тафталиџе