Во финалето на фудбалскиот куп кој што се одржува по повод роденденот на Општина Карпош 3 Ноември, ќе се сретнат екипите на „Владо Тасевски“ и „Петар Поп Арсов“. Финалниот натпревар ќе се одржи во среда, 31 Октомври, а ќе се одигра на игралиштето Влае со почеток од 12.00 часот. На тимот кој ќе победи ќе му биде врачен победничкиот трофеј.