УЧИЛИШТАТА ОД КАРПОШ ЌЕ КОМПОСТИРААТ ОРГАНСКИ ОТПАД ОД РАСТИТЕЛНО ПОТЕКЛО
21.03.2024
Информација:
ПРИРАЧНИК ЗА ПРАВИЛНО КОМПОСТИРАЊЕ И НАЧИН НА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА КОМПОСТОТ
Упатство за работа со двоен ротирачки компостар
ИНФОГРАФИК
Извештај за ажурирање на Катастар на загадувачи на територија на Општина Карпош (читај)
- Извештај за ажурирање на катастар на загадувачи на територија на Општина Карпош
- База на податоци за катастарот на потенцијални загадувачи
- Веб апликација и мапа на потенцијални загадувачи на територија на Општина Карпош
Локалниот Еколошки Акционен План за 2019-2024 година на Општина Карпош
можете да го погледнете на следниот ЛИНК
Едукативните видеа од ЛЕАП-от можете да ги погледнете на следните линкови:
1. ШТО Е ЛЕАП?
2. ПРЕПОРАКИ ОД ЛЕАП ЗА ПОЧИСТ ВОЗДУХ
3. МЕРКИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Проект REPLACE
Проектот REPLACE е насочен кон сите чинители вклучени во секторот греење и ладење: крајни потрошувачи, посредници – монтери, енергетски контролори како и инвеститори и сопственици на згради. За времетраењето на проектот ќе бидат изработени голем број корисни материјали, на пример:
- материјал за обука на посредници кои имаат намера да спроведат одржливи системи или технички прирачници со насоки за планирање и финансирање,
- лесно разбирливи упатства за крајните потрошувачи кои ја објаснуваат техничката опрема и економските аспекти,
- калкулатор кој ќе им помогне на сите целни групи да ги заменат на неефикасните системи за греење преку проценка на заштеда на енергија, заштеда на пари, поголема удобност или намалување на стакленички гасови.
Повеќе инфо на следниов линк (https://replace-project.eu/)
Посетете ја и Facebook страницата на проектот
https://www.facebook.com/Replace-Инфо-центар-за-ефикасно-и-одржливо-греење-и-ладење-125322499473808
Брошура – Електроенергетски независен и самоодржлив Карпош
Општински план за обновлива енергија – Јуни 2021 ( клик и читај )
„COOL HEATING“ – ПРОЕКТ ЗА ТРАЈНО НАМАЛУВАЊЕ НА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО
Проектот Cool Heating подразбира развивање на системи за централно греење и ладење базирани на обновливи извори на енергија.
На 23ти ноември 2018 , во Општина Карпош, градоначалникот Стефан Богоев потпиша Писмо за изразување на заложба на локалните чинители, проектот кој веќе е имплементиран во над 70 поединечни објекти во Карпош, да прејде во следна, повисока фаза на реализација, во која ќе се врзуваат во цели мрежни системи засновани на обновливи извори на енергија.
Примарната цел е овој централен систем за греење и ладење да се имплементира во целосно нова еко – населба, како и во дел од установите на територија на локалната самоуправа.
Овие системи базирани на обновливи извори на енергија се системи на иднината, кои ќе придонесат за намалување на аерозагадувањето, како еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваме.
Се одржа и тематска конференција за овој проект на национално ниво, со цел да се доближи до пошироката јавност и да им се претстави на субјекти кои работат во областа на енергетиката, енергетската ефикасност, заштита на животната средина и изнаоѓање и користење на обновливи извори на енергија.