Извештаи од Сектор Инспекторат

 

Годишен извештај за водени управни постапки во Општина Карпош – Сектор инспекторат 

Годишен извештај за работа на  сектор инспекторат во Општина Карпош  јануари – декември 2022 година

Годишен план за работа на секторот за инспекциски надзор за 2022 година 

Годишен план за работа на секторот за инспекциски надзор за 2023 година 

Годишен план за работа на секторот за инспекциски надзор за 2024 година 

 

Објава јули 2024 

ПОЈАСНУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ КОИ ГИ ВОДАТ ОПШТИНСКИТЕ ИНПЕКТОРИ ОД КАРПОШ

За да може пошироката јавност полесно да ја разбере комплексноста на инспекциската постапка и времетраењето на истата, Општина Карпош го дава ова кусо објаснување на законската регулатива за поведување и водење на инспекциска постапка кај општинските инспектори.

Имено, инспекторите од локалната самоуправа постапуваат согласно нивните материјални закони како и согласно Законот за инспекциски надзор (Сл. Весник на РМ бр. 102/2019), каде што е детално регулирана инспекциската постапка. Според неа, општинските инспектори вршат редовенвонреден и контролен инспекциски надзор.

  • Редовен инспекциски надзор е најавен надзор согласно месечниот план на инспекторот.
  • Вонреден инспекциски надзор е надзор по примена иницијатива за инспекциски надзор.
  • Контролен инспекциски надзор е надзор кој се врши кога е веќе почната инспекциска постапка, со кој се утврдува дали субјектот на надзор постапил по издадените акти на инспекторот (како што е опишано подолу)

Согласно Законот за инспекциски надзор, постапката кај општинските инспектори почнува со иницијатива за инспекциски надзор или по службена должност. По приемот на иницијативата за инспекциски надзор која странките ја поднесуваат во архивата на Општина Карпош (или по службена должност), инспекторот прави увид на лице место во присуство на субјектот на надзор, а доколку субјектот на надзор не е присутен на увидот, инспекторот испраќа покана за странката, и во нејзино присуство го составува записникот за извршен вонреден инспекциски надзор.

Оттука, субјектот на надзор има можност да го прими и потпише записникот со што го прифаќа истиот, или пак може да одбие да го прими и потпише записникот, при што инспекторот му го испраќа по пошта. Сето тоа се прави со цел записникот да биде уредно доставен, со што му се оставаат 8 (осум) дена на субјектот на надзор повторно да го потпише и да го врати потпишаниот записникот кај инспекторот или пак да стави забелешки на истиот.

             НАПОМЕНА:

  • Доколку во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот, субјектот на надзор не го потпише или не стави забелешки на записникот и со самото тоа не го врати записникоткај инспекторот, ќе се смета дека истиот го прифатил записникот и инспекторот ќе пристапи кон носење на Решение за опомена кое е задолжително согласно Законот за инспекциски надзор.

Според утврдената процедура, Решението за опомена се доставува до странката најчесто по пошта или лично доколку  е возможно, и од денот на приемот се определува рок во самото Решение за да се постапи по опомената. Најчесто тој рок е 8 (осум) дена, но може да биде и краток рок – 1 (еден) ден како и подолг рок – 30 (триесет) дена. Субјектот на надзор има право на жалба против донесеното  Решение за опоменано жалбата не го одложува извршувањето на Решението.

Доколку субјектот на надзор не постапи согласно Решението за опомена, инспекторот прави контролен надзор, составува Записник за извршен контролен инспекциски надзор и го доставува повторно до субејктот на надзорот. По уредно приемниот записник, инспекторот ја продолжува постапката со носење на Решение за задолжување, каде повторно определува рок за постапување исто како и кај Решението за опомена. Тој рок почнува да тече од денот на уредно применото Решение за задолжување. Субјектот на надзор има право на жалба против донесеното Решение за задолжување, но жалбата не го одложува извршувањето на Решението.

  • Доколку субјектот на надзор не постапи по Решението за задолжување, инспекторот повторно прави контролен надзор, составува Записник за извршен контролен инспекциски надзор и го доставува до субјектот на надзорот. По уредно приемниот записник за конторолен инспекциски надзор, инспекторот ја продолжува постапката со составување на налог за извршување и истиот го доставува до субјектот на надзор. Субјектот на надзор има право на жалба против донесениот налог за извршување, но жалбата не го одложува извршувањето на налогот.

Имајќи предвид дека секој од овие погоре опишани акти треба уредно да бидат доставени до субјектот на надзорот, а доставата се врши преку трето лице – пошта, инспекторот нема влијание врз времетраењето на доставата, што дополнително ја одолговлекува инспекциската постапка.

 

ПОСТАПКА ЗА МЕРЕЊЕ НА БУЧАВА КОЈА ЈА СПРОВЕДУВА ОПШТИНСКИОТ ИНСПЕКТОР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Доколку општинскиот инспектор за животна средина прими иницијатива за вршење на инспекциски надзор, според која се бара да биде измерена бучавата од некој угостителски локал како и од било кој друг извор на бучава, општинскиот инспектор праќа барање до овластена фирма за мерење на бучава која е избрана на тендер кој го распишала Општина Карпош.

Мерењето на бучава се врши во присуство на општинскиот инспектор за животна средина во терминот договорен со барателот и фирмата.

Она што е важно да се забележи е дека мерењето на бучава се врши на три мерни места во станот или во просториите на пријавителот, со затворени прозорци. По извршеното мерење овластената фирма составува извештај за извршено мерење на бучава и истото го доставува до инспекторот.

    НАПОМЕНА:

  • Доколку е утврдено надминување на дозволената бучава, инспекторот составува прекршочен платен налог за субјектот на надзор и исто така извештајот за извршеното мерење се наплаќа од субејктот на надзор. Доколку не се утврди надминување на дозволеното ниво на бучава, тогаш извештајот за извршено мерење се наплаќа од пријавителот и постапката се запира поради неутврдени недостатоци.

Објава октомври 2023 

Почитувани,

Ве информираме дека заинтересираните граѓани можат да остварат средба со инспекторите во инспекторатот на Општина Карпош секој вторник и четврток од 12:00 часот до 15:00 часот. Закажувањето на термините за средби се врши секој работен ден од 7:30 часот до 15:30 часот на телефонските броеви 02/ 30 55 929 и 02/ 30 55 931, или со покана од инспектор.Со почит,

ПОЛУГОДИШЕН  ИЗВЕШТАЈ ЗА ВОДЕНИ УПРАВНИ ПОСТАПКИ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – СЕКТОР ИНСПЕКТОРАТ ЗА ПЕРИОД ОД 01.01.2022 ГОД. ДО 30.06.2022 ГОД.

 

  1. Полуодишен извештај за извршен инспекциски надзор  Овластен  инспектор за животна средина

Овластениот инспектор за животна средина контролира-

  • Контрола на документацијата која ја поседува правниот субјект,
  • Контрола на суровини, материјали и енергии произведени или употребени од страна на правниот субјект,
  • Утврдување на податоци за емисии во почва, површински води, атмосферата, податоци за бучава и вибрации како и податоци за неопасен отпад во координација со акредитирана лабараторија за животна средина,

Утврдување дали правниот субјект соглсно дејноста која ја врши подлежи на изработување на Елаборат, а за чие одобрување е надлежен  Градоначалникот на општината, Градоначалникот на град Скопје и Градоначалникот на општините во градот Скопје,

  • Мониторинг или следење на степенот на загаденоста на амбиенталниот воздух на територија на општина Карпош и превземање соодветни мерки,
  • Врз основа на иницијатива или барање – пријава поднесена од државни органи,физички или правни лица, а каде се наведува дека има индиции за зголемено ниво на бучава, или загадување на амбиенталниот воздух, водата, почвата и сл. овластениот инспектор за животна средина повикува акредитирана лабараторија за вршење на испитување на нивото на бучава како и нивото загадување на амбиенталниот воздух и во најкраток рок да достави технички извештај за извршеното мерење до овластениот инспектор за животна средина.
  • Извештајот за реализација на Годишната програма за работа на овластениот инспектор за животна средина на општина Карпош, е изработен согласно методологијата утврдена за изготвување на Годишната програма, со конкретно презентирани податоци.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот инспектор за животна  средина во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

Ред.бр.       Изготвени управни акти Кумулативна состојба со 30.06.2022 год.
1. Изготвени записници за извршен инспекциски надзор 37
2. Контролни надзори 37
3. Изготвени решенија 24
4. Записник за порамнување/платен налог /
5. Барање од граѓани / одговори 25

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор  Овластен  инспектор за домување за период од јануари до јуни 2022 година

       Општина Карпош за овој период , за работните активности за спроведување на Годишната програма во инспекцискиот надзорот за домување,  има овластено лице кое ги извршуваше работите со примена на Закон за домување, почитувајќи ги пропишаните норми и стандарди за домување и дали се уредени закупничките односи  во согласност со истиот закон.

Овластениот  инспектор за домување врши инспекциски надзор над:

  • Станбени;
  • станбено-деловни и
  • деловно-станбени згради

Во Извештајот се содржани барањата од граѓаните доставени до Општина Карпош, кои се однесуваат од заедници на сопственици и од индивидуални лица (станари), а кои се однесуваат на проблематиката сврзана со функционирањето на Законот за домување.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот инспектор за домување во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

Ред бр. Изготвени управни акти Кумулативна состојба со 30.06.2022 год.
1. Писмени барања од граѓани, од заедница на станари и институции 46
2. Вкупно барања за инспекциска постапка 32
3. Вкупен број на Записници од извршен инспекциски надзор 15
4. Вкупен број на 

Решенија

15
6. Вкупен број на 

известувања

25
7. Вкупен број на 

Задолжени барања

46
8. Вкупен број на 

Платни налози

/

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор  Овластен  градежен инспектор за период од јануари до декември 2021 година

Во делот на градежната инспекција во Одделението за урбанистичка и градежна инспекција, Општина Карпош има вработено административен службеник на местото – овластен градежен инспектор, кој во периодот на кој се однесува овој извештај  бил под менторство и обука за стекнување на лиценца за овластен градежен инспектор и сеуште не работел самостојно.

Административниот службеник ќе почне да ги обавува своите работни должности односно ќе спроведува инспекциска постапка од Јули 2022 година, по стекнување со лиценца за овластен градежен инспектор согласно Закон за иснпекциски надзор.

                Овластениот градежен инспектор врши надзор над :

  • градби од втора категорија
  • градби од член 73 од Законот за градење
  • урбана опрема
  • времени објекти
Реден број Изготвени управни акти Кумулативна состојва со 30.06.2022 год.
1 Писмени иницијатива од граѓани 58
2 Записник за инспекциски надзор /
3 Решение за прекинување на градба /
4 Решение за отстранување /
5 Заклучок за дозвола на извршување /
6 Извршени предмети /

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

за извршен инспекциски надзор на овластениот  градежен инспектор во општина Карпош за период од јануари до јуни 2022 год.

  1. Полугодишен извештај за мандатни казни на комунални редари во Сектор Инспекторат за период од јануари до јуни 2022 година

Активностите на општинските комунални редари се засноваат врз вршење на контроли над примена на следните законски прописи:

  • Закон за јавна чистота („Службен весник на Република Македонија“ бр. 111/08, 64/09, 88/10, 114/10, 23/11, 53/11 , 80/12 , 163/2013, 44/15, 147/15 и 31/16, )
  • Закон за комунални дејности („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12, 163/13, 42/14, 44/15,31/16 и 64/18);

 

Контролата на одржувањето на јавната чистота во согласност со Законот за јавната чистота во моментов ја вршат комунални редари. Комуналните редари ја вршат контролата и надзорот на состојбата на целата територија на општината во рамките на своите надлежности по урбани заедници.

 

Т А Б Е Л А Р Е Н      П Р Е Г Л Е Д

На изречени мандатни казни од страна на комуналните редари

Ред.бр. Изготвени управни акти Кумулатива состојба со 30.06.2022 год.
1. Изготвени записници од извршена контрола при сторен прекршок 51
2. Изготвени мандатни казни 51
3. Донесени потврди за општокорисна работа /
4. Платени мандатни казни 38

 

  1. Полугодишен извештај за извршен инспекциски надзор на комунален инспектор во Сектор Инспекторат за период од јануари до декември 2021 година

Во делот на комуналната инспекција во Одделението за комуналната инспекција, Општина Карпош има вработено административен службеник на местото – овластен комунален инспектор, кој во периодот на кој се однесува овој извештај  бил под менторство и обука за стекнување на лиценца за овластен комунален инспектор и сеуште не работел самостојно. Административниот службеник ќе почне да ги обавува своите работни должности односно ќе спроведува инспекциска постапка од Јули 2022 година, по стекнување со лиценца за овластен комунален инспектор согласно Закон за иснпекциски надзор.

 

Скопје, Јуни 2022

 РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОР

Богданка М. Мучева, дипл. прав.