ЈАВЕН ОГЛАС

за Филмска недела- Карпош кино на отворено

  1. Целта на активноста е унапредување и развој на културата во Општина Карпош.
  2. Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на програмската активност е во износ од 200.000,00 денари, предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2026 година.
  3. Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата кои ја опфаќаат дејноста филм и филмска продукција, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината и пошироко.
  4. Подносителите потребно е да достават барање со основни информации и тоа:

  • Име и презиме (физички лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, трансакциска сметка
  • име на организација (правни лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт
  • жиро сметка на здружението
  • краток опис на организацијата
  • предлог – проект
  • потребен буџет
  • досегашни организирања на кино на отворено
  • број на понудени филмови
  • популарни, атрактивни хит наслови
  • правното или физичкото лице потребно е да обезбеди комплетно техничка опрема за изведување на филмските проекции.
  1. Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог – проекти.

Секој предлог – проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.

 

  1. Јавниот оглас се објавува во електронска форма на веб страната на Општина Карпош и печатени медиуми.
  2. Периодот на реализација помеѓу 21.08.2026 година и  27.08.2026 година.
  3. Начин на пријавување:

Заинтересираните правни и физички лица потребните документи  да ги поднесат во Архивата на Општина Карпош во затворен плик со назнака за Филмска недела – Карпош кино на отворено  заклучно со 24.07.2026 година, до 15.30 часот.

  1. Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.

                                                                                 КОМИСИЈАТА ЗА

                                                         Филмска недела –Карпош кино на отворено

 

         Во прилог прочитајте го и ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, КРИТЕРИУМИИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ДЕЈНОСТА КУЛТУРА