ЈАВЕН ОГЛАС за Филмска недела- Карпош кино на отворено
- јули 17, 2026
- 0
ЈАВЕН ОГЛАС
за Филмска недела- Карпош кино на отворено
- Целта на активноста е унапредување и развој на културата во Општина Карпош.
- Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на програмската активност е во износ од 200.000,00 денари, предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2026 година.
- Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата кои ја опфаќаат дејноста филм и филмска продукција, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината и пошироко.
- Подносителите потребно е да достават барање со основни информации и тоа:
- Име и презиме (физички лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, трансакциска сметка
- име на организација (правни лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт
- жиро сметка на здружението
- краток опис на организацијата
- предлог – проект
- потребен буџет
- досегашни организирања на кино на отворено
- број на понудени филмови
- популарни, атрактивни хит наслови
- правното или физичкото лице потребно е да обезбеди комплетно техничка опрема за изведување на филмските проекции.
- Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог – проекти.
Секој предлог – проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.
- Јавниот оглас се објавува во електронска форма на веб страната на Општина Карпош и печатени медиуми.
- Периодот на реализација помеѓу 21.08.2026 година и 27.08.2026 година.
- Начин на пријавување:
Заинтересираните правни и физички лица потребните документи да ги поднесат во Архивата на Општина Карпош во затворен плик со назнака за Филмска недела – Карпош кино на отворено заклучно со 24.07.2026 година, до 15.30 часот.
- Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.
КОМИСИЈАТА ЗА
Филмска недела –Карпош кино на отворено
Во прилог прочитајте го и ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, КРИТЕРИУМИИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ДЕЈНОСТА КУЛТУРА









