Се свикува 16. седница на Советот на Општина Карпош за 11 август 2026 година (вторник), со почеток во 09.00 часот.

За седницата се предлага следниот:

ДНЕВЕН РЕД

–           Усвојување записник од 15. седница

  1. Предлог-Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи
  2. Предлог-Одлука за доделување хуманитарна финансиска помош за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење
  3. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година
  4. Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ Општина Карпош – Скопје
  5. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ Општина Карпош – Скопје
  6. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2026 година на општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје
  7. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2026 година на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
  8. Предлог-Одлука за давање согласност за времено отстапување на користење училишен простор (училиници) во општинското основно училиште Вера Циривири Трена на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје
  9. Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на Приватната установа за деца-детска градинка „ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДИНКА МАКСИМИЛИЈАН“ Скопје
  10. Предлог-Одлука за давање согласност за распишување Јавен повик за свикување иницијативен одбор за конституирање на локалното собрание на млади на Општина Карпош
  11. Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот  „Карпош Sustainable Housing Lab: Намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење“ за потребите на Општина Карпош

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

          Телефон за контакт – 070/410-631