ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ
- август 6, 2026
- 0
Се свикува 16. седница на Советот на Општина Карпош за 11 август 2026 година (вторник), со почеток во 09.00 часот.
За седницата се предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување записник од 15. седница
- Предлог-Решение за формирање Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди и други несреќи
- Предлог-Одлука за доделување хуманитарна финансиска помош за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ Општина Карпош – Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ Општина Карпош – Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2026 година на општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2026 година на општинското основно училиште „Лазо Трповски“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност за времено отстапување на користење училишен простор (училиници) во општинското основно училиште Вера Циривири Трена на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје
- Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на Приватната установа за деца-детска градинка „ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ГРАДИНКА МАКСИМИЛИЈАН“ Скопје
- Предлог-Одлука за давање согласност за распишување Јавен повик за свикување иницијативен одбор за конституирање на локалното собрание на млади на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за давање согласност за кофинансирање на проектот „Карпош Sustainable Housing Lab: Намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење“ за потребите на Општина Карпош
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт – 070/410-631









