ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ НА „ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ“ СО „ПРАШКА“
- септември 21, 2018
- 0
Екипи на Јавното Претпријатие „Улици и патишта“, кои ги ангажираше Општина Карпош денеска асфалтираа дел од новопроектирана улица која ќе ги поврзува бул. „Теодосиј Гологанов“ и ул. „Прашка“.
Во првата фаза се асфалтираат 30 метри одколовозот , додека преостанатиот дел ќе се доасфалтира во иднина. Оваа улица ќе биде поврзувачка улица помеѓу главната градска сообраќајна артерија „ Теодосиј Гологанов“ со ул„ Прашка“ во населбата Тафталиџе.