Екипи на Јавното Претпријатие „Улици и патишта“,  кои ги ангажираше Општина Карпош денеска асфалтираа дел од новопроектирана  улица која ќе ги поврзува бул. „Теодосиј Гологанов“ и ул. „Прашка“.

Во првата фаза се асфалтираат 30 метри одколовозот , додека преостанатиот дел ќе се доасфалтира во иднина. Оваа улица ќе биде поврзувачка улица  помеѓу главната градска сообраќајна артерија „ Теодосиј Гологанов“ со ул„ Прашка“ во населбата  Тафталиџе.