ЕДЕН ВЕК „СВЕТА ТРОИЦА“ ВО БАРДОВЦИ
- мај 28, 2018
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претседателот на Советот, Андреј Манолев и советниците од СДСМ, како и со министерот во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски, пратеничката во Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски, Пеце Мирчевски, директор на СОЗР во Владата на Република Македонија и Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“, вечерва им се придружија на своите сограѓани во населеното место Бардовци во чествувањето на празникот „Света Троица“ и 100 години постоење на истоимениот црковен храм во ова населено место во Карпош.
Инаку, Бардовчани овој верски празник го слават традиционално, а оваа година одбележаа исклучително значаен јубилеј.
Градоначалникот Богоев, во оваа пригода, разговараше за потребите и проблемите на своите сограѓани и начинот на кои локалната самоуправа може да им излезе во пресрет во нивно решавање.