Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со претседателот на Советот, Андреј Манолев и советниците од СДСМ, како и со министерот во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски, пратеничката во Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски, Пеце Мирчевски,  директор на СОЗР во Владата на Република Македонија и Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“, вечерва им се придружија на своите сограѓани во населеното место Бардовци во чествувањето на празникот  „Света Троица“ и 100 години постоење на истоимениот црковен храм во ова населено место во Карпош.

Инаку, Бардовчани овој верски празник го слават  традиционално, а оваа година одбележаа исклучително значаен јубилеј.

 Градоначалникот Богоев, во оваа пригода, разговараше за потребите и проблемите на своите сограѓани и начинот на кои локалната самоуправа може да им излезе во пресрет во нивно решавање.