„ВОЈДАНКИ “ ШАМПИОНКИ ВО ОДБОЈКА
- ноември 1, 2019
- 0
Во училишната сала на ООУ „ Христијан Тодоровски- Карпош“, одбојкарките од „ Војдан Чернодрински“ во решавачкиот, завршен меч, ги победија со 2:0 во сетови своите врснички од ООУ „ Петар Поп Арсов“. Првиот сет заврши со резултат од 25:16, додека вториот 25:12 во корист на „ војданки“.
Ова финале во купот , денеска, се одигра по повод Деновите на Општина Карпош. Исто така, вакви ревијални натпревари по повод роденденот на локалната самоуправа се одиграа и во фудбал и ракомет.
Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев им го врачи победничкиот пехар на најдобрите одбојкарки, честитајќи им го успехот и посакувајќи им понатамошна професионална одбојкарска кариера.
На учесниците во купот, исто така им беа врачени дипломи.