Во  училишната сала на ООУ „ Христијан Тодоровски- Карпош“, одбојкарките од „ Војдан Чернодрински“ во решавачкиот, завршен меч, ги победија  со 2:0 во сетови своите врснички од ООУ „ Петар Поп  Арсов“. Првиот  сет заврши со резултат од 25:16, додека вториот 25:12 во корист на „ војданки“.

Ова   финале во купот ,  денеска,   се одигра  по  повод Деновите на Општина Карпош. Исто така, вакви ревијални натпревари  по повод роденденот на локалната самоуправа се одиграа и во фудбал и ракомет.

Претседателот на Советот на Општина Карпош  Андреј Манолев им го врачи победничкиот пехар на најдобрите одбојкарки, честитајќи им го успехот и посакувајќи им  понатамошна професионална одбојкарска кариера.

 На  учесниците во купот, исто така   им беа врачени дипломи.