Во училишната спортска сала на ООУ „Петар Поп Арсов“, во Карпош 4, се одржа младинскиот спортски настан „Winter Football Joy“, во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Федерацијата на училишни спортови.

Учениците од второ, трето, четврто и петто одделение имаат можност да спортуваат, да ги совладуваат фудбалските техники и да се  рекреираат.

На денешниот настан присуствуваше и членот на Советот при Општина Карпош, Филип Даскаловски, кој во името на локалната самоуправа ги поздрави присутните , спортските работници и учениците. 

–        Опшината ќе продолжи да инвестира во подобра спортска инфраструктура,  во нови игралишта и терени кои ќе овозможат повеќе простор и подобри услови за спортување на најмладите, рече Даскаловски.

За време на паузите на спортскиот настам, учениците добиваат здрав оброк и освежување.

Намерата е уште од рани години најмладите да стекнат здрави навики, да бидат физички активни и здраво да се хранат.