Утре, 31 октомври, Општина Карпош организира голема крводарителна акција во соработка со Државниот завод за трансфузиологија и Црвениот крст-Општинска организација –Карпош.

      

            Оваа традиционална хуманитарна акција,  овој пат е по повод 42 години од постоењето на локаланата самоуправа. Инаку, Карпош се уште го држи рекордот меѓу општините по бројот на собрани крвни единици и се надеваме дека хуманите граѓани и сите доброволни дарители и овој пат масовно ќе се вклучат во донирањето крв.

Крводарителната акција ќе се одвива во спортската сала во ООУ „Лазо Трповски“ во пертиодот од 9 до 17 часот.