На  платото на „ Млечен“   во саботата заврши  дванаесеттото по ред,  карпошово  културно лето. Пред голем број  карпошани, последната вечер ја отворија  јутјуберите  „GP  Steffonator“ кои со својот перформанс ја  „ загреаа“  публиката пред настапот на Слаткаристика. Омилениот на младата  публика Марко Маринковиќ – Слаткар,  ги  крена на нозе карпошани, кои се забавуваа со неговите стари хитови, но и нови песни. По  настапот на „ Слаткаристика“ , следни   на   сцената  се појавија Александар Митевски и  Драган Спасов –Дац, кои приредија вистинско музичко шоу. Кулминацијата  на вечерта се случи со настапот на  Дани Димитровска, која на љубителите на рок-музиката им подари извонредна забава.

 

Ова  карпошово културно лето ќе остане запаметено како урбано, cool,  и опуштено, во кое настапуваа исклучиво  домашни  македонски изведувачи. Забава имаше за сите, од најмалите карпошани, кои се воодушевуваа на  детските претстави на „ Зеленковци“ и „ Петко  5+“,  до  сите генерации, љубители на различни музички жанрови и стилови. Младите  Антониа Гиговска, Емилија Колоска, надополнети  со искусните Мики Јовановски –Џафер,  ултрапопуларната група од деведесетите „ НОКАУТ“, како и Слаткаристика и  Дани  Димитровска, беа  одличен комбиниран избор , кои  и оваа година  на жителите на  Општина Карпош им приредија уште едно незаборавно летно уживање.