Почитувани сограѓани,

Ве известуваме дека утре и задутре (петок и сабота 18-19.11.2016) ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ – СКОПЈЕ ќе спроведе акција за подигнување на кабаст отпад на територијата на Општина Карпош.

За таа цел, Ве информираме дека, доколку сакате да го отстраните кабастиот отпад од Вашето домаќинство, тоа да го сторите од 07.00 до 11.00 часот.

 

Во петок (18.11.2016), кабастиот отпад ќе се собира на повеќе локации низ урбаните заедници Козле, Тафталиџе“1 и 2, Нерези, Жданец, Влае 2 и УЗ Владо Тасевски.

 

Во сабота (19.11.2016), акцијата продолжува низ урбаните заедници Влае 1, и Карпош 1, 2, 3 и 4.

 

Акцијата ќе се одвива на  двете страни (лева и десна),на булеварот Партизански одреди.