РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ПО ПОТЕКЛО ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
- август 13, 2026
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со претставници на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – „Вмбел Егеј“, „Свети Герман“ и „Загоричани“.
Во фокусот на средбата беа можностите за идна соработка и поддршка на активностите на здруженијата, со посебен акцент на негувањето и зачувувањето на македонската култура, традиција и историското наследство од родниот крај.
Корените се нашата трајна врска со минатото, а историјата и наследството се темелите врз кои ја градиме иднината и ги пренесуваме вредностите на идните генерации.
Остануваме отворени за соработка со здруженијата и за заедничко реализирање на активности кои ќе придонесат кон зачувување на наследството и негово пренесување на идните генерации.









