Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска оствари работна средба со претставници на здруженијата на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија – „Вмбел Егеј“, „Свети Герман“ и „Загоричани“.

Во фокусот на средбата беа можностите за идна соработка и поддршка на активностите на здруженијата, со посебен акцент на негувањето и зачувувањето на македонската култура, традиција и историското наследство од родниот крај.

Корените се нашата трајна врска со минатото, а историјата и наследството се темелите врз кои ја градиме иднината и ги пренесуваме вредностите на идните генерации.

Остануваме отворени за соработка со здруженијата и за заедничко реализирање на активности кои ќе придонесат кон зачувување на наследството и негово пренесување на идните генерации.