ЈАВЕН ОГЛАС

за Карпошово културно лето 2026

  1. Целта на манифестацијата е унапредување и развој на културата во Општина Карпош.
  2. Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на програмската активност е во износ од 2.500.000,00 денари, предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2026 година.
  3. Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата и пошироко кои ја опфаќаат дејноста култура во сите области, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината и пошироко. Исто така комисијата може да покани учесници за кои ќе процени дека одговараат за потребите на овој настан.
  4. Подносителите потребно е да достават барање со основни информации и тоа:

  • Име и презиме (физички лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, трансакциска сметка
  • име на организација (правни лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт
  • жиро сметка на здружението
  • краток опис на организацијата
  • предлог – проект
  • потребен буџет
  1. Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог – проекти.

Секој предлог – проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.

  1. Јавниот оглас се објавува во електронска форма на веб страната на Општина Карпош и печатени медиуми.
  2. Периодот на реализација помеѓу 20.08.2026 година и  30.08.2026 година.
  3. Начин на пријавување:

Заинтересираните правни и физички лица потребните документи  во затворен плик да ги поднесат во Архивата на Општина Карпош со назнака за „Карпошово културно лето 2026“  заклучно со 24.07.2026 година, до 15.30 часот.

 

  1. Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.

 

                                                                                    КОМИСИЈАТА ЗА

                                                                    КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2026

         

Во прилог прочитајте го и ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, КРИТЕРИУМИИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ДЕЈНОСТА КУЛТУРА