ЈАВЕН ОГЛАС за Карпошово културно лето 2026
- јули 17, 2026
- 0
ЈАВЕН ОГЛАС
за Карпошово културно лето 2026
- Целта на манифестацијата е унапредување и развој на културата во Општина Карпош.
- Вкупната предвидена финансиска рамка за реализација на програмската активност е во износ од 2.500.000,00 денари, предвидена во Буџетот на Општина Карпош за 2026 година.
- Право на учество имаат сите заинтересирани правни и физички лица од државата и пошироко кои ја опфаќаат дејноста култура во сите области, a кои со своите програми и активности придонесуваат за развој на културата во општината и пошироко. Исто така комисијата може да покани учесници за кои ќе процени дека одговараат за потребите на овој настан.
- Подносителите потребно е да достават барање со основни информации и тоа:
- Име и презиме (физички лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, трансакциска сметка
- име на организација (правни лица), адреса, телефонски број, е-маил адреса, лице за контакт
- жиро сметка на здружението
- краток опис на организацијата
- предлог – проект
- потребен буџет
- Еден подносител може да достави еден или повеќе предлог – проекти.
Секој предлог – проект потребно е да биде доставен со посебно барање и посебен архивски број.
- Јавниот оглас се објавува во електронска форма на веб страната на Општина Карпош и печатени медиуми.
- Периодот на реализација помеѓу 20.08.2026 година и 30.08.2026 година.
- Начин на пријавување:
Заинтересираните правни и физички лица потребните документи во затворен плик да ги поднесат во Архивата на Општина Карпош со назнака за „Карпошово културно лето 2026“ заклучно со 24.07.2026 година, до 15.30 часот.
- Условите, начинот, критериумите и постапката за распределување на финансиската поддршка ќе се уреди со претходно изготвен правилник за оваа намена.
КОМИСИЈАТА ЗА
КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2026
Во прилог прочитајте го и ПРАВИЛНИКОТ ЗА УСЛОВИТЕ, НАЧИНОТ, КРИТЕРИУМИИТЕ И ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД ДЕЈНОСТА КУЛТУРА









