МИХАЈЛОВ И ОГЊАНОВСКИ- ВО СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ НА „КАРПОШ СОКОЛИ“
- ноември 16, 2016
- 0
На предлог на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска советниците од Советот на Општина Карпош расправаа за Предлог- одлуката за давање овластување за учество и одлучување во Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб ,, Карпош Соколи 2000“ .
На педесет и деветтата седница, по една долга и аргументирана дебата, во која советниците ги искажуваа своите ставови и мислења, на крајот Советот, со 20 гласа за, 2 против и еден воздржан, ја изгласаа оваа одлука.
Со неа, Советот на локалната самоуправа ги одреди советниците Горан Михајлов и Марјан Огњановски за учество и одлучување во Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности Кошаркарски клуб ,, Карпош Соколи 2000“.