На предлог на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, денеска советниците од Советот на Општина Карпош расправаа за Предлог- одлуката за давање овластување за учество и одлучување во Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности  Кошаркарски клуб ,, Карпош Соколи 2000“ .

На педесет и деветтата седница, по  една долга и аргументирана  дебата,  во која  советниците ги искажуваа своите ставови и мислења, на крајот Советот, со 20 гласа за, 2 против и еден воздржан, ја изгласаа оваа одлука.

 

 Со неа, Советот на локалната самоуправа ги одреди советниците Горан Михајлов и Марјан  Огњановски за учество и одлучување во Собранието на акционери на Друштвото за спортски дејности  Кошаркарски клуб ,, Карпош Соколи 2000“.