СООБРАЌАЈНИОТ ПОЛИГОН „ПРИСТИГНА“ И ВО ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ
- април 28, 2017
- 0
Акцијата иницирана од фирмата „Окта“ продолжува и вчера во ООУ „Војдан Чернодрински“. Во ова основно училиште од Карпош, беше поставена и презентирана сообраќајната полигон- платформа, на која учениците од прво до петто одделение практично учеа и се запознаа со сообраќајните правила и прописи.
Директорката на ООУ „Војдан Чернодрински“ Христина Ристовска изрази благодарност и воедно задоволство, што токму училиштето кое таа го предводи, е домаќин на овој корисен сообраќаен проект на „Окта“ со кој се едуцираат најмладите основци. Оваа акција е во рамките на пошироката кампања на приватната компанија, со која се има за цел да се подигне свеста за прописите, правилата и сообраќајната култура кај основците, како идни учесници во сообраќајот.