Акцијата иницирана од фирмата „Окта“ продолжува и вчера во ООУ „Војдан Чернодрински“. Во ова основно училиште од Карпош, беше поставена и презентирана сообраќајната полигон- платформа, на која учениците од прво до петто одделение практично учеа и се запознаа со сообраќајните правила и прописи.

Директорката на ООУ „Војдан Чернодрински“  Христина Ристовска изрази благодарност и воедно задоволство, што токму училиштето кое таа го предводи, е домаќин на овој корисен сообраќаен проект на „Окта“ со кој се едуцираат најмладите основци. Оваа акција е во рамките на пошироката кампања на приватната компанија, со која се има за цел да се подигне свеста за  прописите, правилата и сообраќајната култура  кај основците, како идни учесници во сообраќајот.