СО СПОРТ И ЗДРАВА ИСХРАНА ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕС
- ноември 21, 2017
- 0
Во училишниот двор на ООУ „ Братство“, невладината организација „ Отворени забавни фудбалски школи“ во соработка со фирмите „Новонордиск Македонија“ и „Виталија Скопје“ , денеска реализираа „Новонордиск куп 2017“ за детски игри, како промотивен настан за важноста на спортот и здравата исхрана во борба против дијабетесот.
Медицинско стручно лице, им одржа кратко предавање на основците, презентирајќи им начин на здрава исхрана и спортиски активности како превенција од заболување со дијабетес во раната детска возраст.
Во овој едукативно- спортиски настан се вклучија 50 ученици – второодделенци од училиштето ООУ „Братство“.