Во  училишниот двор на  ООУ  „ Братство“, невладината организација „ Отворени забавни  фудбалски школи“ во соработка  со  фирмите „Новонордиск Македонија“  и  „Виталија Скопје“ , денеска реализираа „Новонордиск куп  2017“ за детски игри, како промотивен настан за важноста на  спортот и здравата исхрана во борба против дијабетесот.

Медицинско  стручно лице,   им одржа кратко предавање  на основците, презентирајќи им  начин на здрава исхрана и спортиски активности како превенција од заболување со  дијабетес во раната детска возраст.

Во овој едукативно- спортиски настан се вклучија 50 ученици – второодделенци од  училиштето ООУ „Братство“.