СО „НЕМАМЕ БАРИЕРИ – СИТЕ СМЕ ИСТИ“ ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ
- април 2, 2019
- 0
Денешниот ден – 2 Април кој е прогласен за Меѓународниот ден на лицата со аутизам, основното општински училиште „Вера Циривири- Трена“ од Карпош го одбележа со разни активности и работилници на учениците кои се учесници во школскиот проект „Немаме бариери – сите сме исти“.
Одбележувањето всушност беше збир на креативени идеи и пораки коишто произлегоа од учениците, учесници во проектот, во соработка со стручната служба и директорот на училиштето. Обоени во сино, со повик за хуманост, заемно разбирање и за другарство, но и со личен печат од детските дланки, пораките треба да допрат до срцата на сите деца во светот.
Да изградиме подобра иднина за децата со аутизам и да ги искористиме нивните потенцијали тие да бидат почитувани и еднакви граѓани во нашето општество е основната интенција на овој проект.