Денешниот ден – 2 Април кој е прогласен за Меѓународниот ден на лицата со аутизам, основното општински училиште „Вера Циривири- Трена“ од Карпош го одбележа со разни активности и работилници  на учениците кои се учесници во школскиот  проект „Немаме бариери – сите сме исти“.

Одбележувањето всушност беше збир на креативени идеи и пораки коишто произлегоа од учениците, учесници во проектот, во соработка со стручната служба и директорот на училиштето. Обоени во сино, со повик  за хуманост, заемно разбирање и за другарство, но и со личен печат од детските дланки, пораките треба да допрат до срцата на сите деца во светот.

Да изградиме подобра иднина за децата со аутизам и да ги искористиме нивните потенцијали тие да бидат почитувани и еднакви граѓани во нашето општество е основната интенција на овој проект.