НОВ МААЛСКИ ПАРК СО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО КРИВИ ДОЛ
- април 18, 2019
- 0
Општина Карпош започна со изведбата на нов маалски парк со детско игралиште во Криви Дол.
По повеќе години, конечно започнува развојот и на овој дел од Карпош, со содржини за рекреација на сите граѓани.
На оваа јавна површина ќе има ново детско игралиште, со нови детски реквизити и соодветна урбана опрема.
Ќе се постават нови клупи и корпи за отпадоци, а нема да изостане и хортикултурното уредување (нови дрвја и садници), со цел да се направи хуман баланс на просторот.
Локалната самоуправа продолжува со унапредување на квалитетот на живот во Карпош, со овозможување на нови содржини за рекрација на граѓаните.