Општина Карпош започна со изведбата на нов маалски парк со детско игралиште во Криви Дол.

По повеќе години, конечно започнува развојот и на овој дел од Карпош, со содржини за рекреација на сите граѓани.

 

На оваа јавна површина ќе има ново детско игралиште, со нови детски реквизити и соодветна урбана опрема. 

Ќе се постават нови клупи и корпи за отпадоци, а нема да изостане и хортикултурното уредување (нови дрвја и садници), со цел да се направи хуман баланс на просторот.

 

Локалната самоуправа продолжува со унапредување на квалитетот на живот во Карпош, со овозможување на нови содржини за рекрација на граѓаните.