ЗА ПОЧИСТ КАРПОШ – ЗАЕДНО ПРОТИВ ОТПАДОТ!
- ноември 26, 2026
- 0
По повод одбележувањето на Европската недела за намалување на отпадот (EWWR 2026), Општина Карпош спроведе акција за чистење на депонијата во населеното место Бардовци.
Со оваа активност испраќаме јасна порака за важноста на одговорното постапување со отпадот, зачувувањето на животната средина и потребата од почисти и поздрави населени места.
Овогодишната Европска недела, која се одржува од 21 до 29 ноември, е посветена на материјалната доволност – намалување на потрошувачката, спречување на создавањето отпад, повторна употреба и поправка на производите.
Грижата за животната средина не започнува само со рециклирање, туку многу порано – со нашите секојдневни навики и одлуки.
Општина Карпош продолжува со активности насочени кон почиста и поздрава животна средина, но за вистински промени неопходна е и заедничка одговорност и активна вклученост на сите граѓани.
Помалку отпад, повеќе грижа! Да ја чуваме природата, затоа што чистата животна средина е наша заедничка одговорност!















