- ноември 22, 2026
- 0
Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченостите по повод одбележувањето на 21 Ноември – Денот на Општина Тиват, Црна Гора.
Во рамки на празничната програма, делегацијата присуствуваше на свечената седница на Советот на Општина Тиват, на која учествуваа бројни гости и претставници од Црна Гора и регионот. На седницата беа истакнати историското значење на 21 Ноември, развојните достигнувања на Тиват, како и плановите и визиите за неговиот иден развој.
Делегацијата од Карпош положи свежо цвеќе пред Споменикот на паднатите борци, оддавајќи почит на сите оние кои ги положиле своите животи за слободата.
Претставниците на Општина Карпош присуствуваа и на повеќе протоколарни и свечени настани, меѓу кои традиционалната „Трка на мирот – д-р Иво Белан“, свеченото цветно дефиле низ градските улици, како и културно-уметничката програма во која учествуваа локални музички и фолклорни ансамбли.
Учеството на делегацијата претставува уште една потврда за пријателските односи и соработката меѓу Општина Карпош и Општина Тиват, како и за заложбата за нивно натамошно продлабочување преку меѓусебна почит, партнерство и заеднички иницијативи.
Честит 21 Ноември – Денот на Општина Тиват!























