Денеска во Општина Карпош се одржа четвртиот „Отворен ден“, на кој голем број карпошани имаа можност директно да разговараат со градоначалникот Сотир Лукровски и раководителите на општинските сектори.

Граѓаните ги споделија своите прашања, предлози, иницијативи и конкретни проблеми, а преку директната комуникација добија можност да разговараат со надлежните служби и да добијат информации за нивното решавање.
Отворената комуникација со граѓаните е важен дел од креирањето локални политики што одговараат на реалните потреби на заедницата.
Општина Карпош продолжува со практиката на отвореност, достапност и директен дијалог со граѓаните, затоа што секоја иницијатива и секој предлог се важни за подобар живот во Карпош.