Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа  60 годишниот јубилеј од  постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ – Скопје.

 На Денот на ослободувањето на главниот град, една од најстарите здравствени установи во Македонија се стекна со наградата „13 Ноември“, за големиот и значаен придонес во сферата на здравствената заштита и грижа за повозрасните лица. Во рамки на манифестацијата, директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Салија Љатиф – Петрушевска, му врачи благодарница на градоначалникот  Стефан Богоев, за несебичната поддршка и соработка со Општина Карпош.

 Во состав на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, функционира и домот за стари лица „Мајка Тереза” кој се наоѓа во населбата Злокуќани, со кој Општина Карпош има постојана и успешна соработка.

 Локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев често пати ги посетуваат лицата кои престојуваат во оваа установа во Карпош, а по тој повод се организираат и хуманитарни активности, при што се донира храна, облека, средства за хигиена и сл.