ПРВО И ТРЕТО МЕСТО ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
- јуни 4, 2024
- 0
Со вкупно освоени 98 поени, седмоодделенката Ана Темјановска од ООУ „Владо Тасевски“ (општина Карпош) под менторство на наставничката Соња Деловска, го обезбеди првото место на Државниот натпревар по македонски јазик и литература за учениците од основно и средно образование, кој се одржа на 1. јуни 2024 година на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Одличен резултат постигна и нејзината соученичка Анастасија Ристовски, која под менторство на наставничката Деловска освои 85 поени, со што го зазеде третото место на ова елитно натпреварување. Во рамки на државниот натпревар, пофалници за учество добија и шестоодделенците Вук Карас и Максим Стомнароски, кои солидно ги подготви нивната наставничка-ментор, Марија Анѓелеска. На овој начин учениците од „Владо Тасевски“ успешно го претставија своето училиште како и општината од која што доаѓаат, притоа остварувајќи највисоки државни резултати.