По повод одбележувањето на Денот на животната средина, градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска се дружеше со дечињата од градинката „Распеана младост” од општината Карпош кои низ едукативни игри учеа колку е важна чистата и здрава животна средина. Настанот го организираше ЈП „Комунална хигиена“, во соработка со Градот Скопје, а целта на оваа активност е кај децата да се развие еколошката свест за заштита на животната средина и за селектирање на отпадот. Ова успешно едукативно дружење како редовна активност е важна за децата уште од најрана возраст да се научат колку сите ние поединечно може да придонесеме да се зачува природата, да се селектира отпадот.