Засадена е нова тревна површина и поставен е систем за наводнување на зеленилото во близина на Драмскиот театар, во Карпош 2. Целосно се облагороди зелениот појас во овој дел од Општината, кој повеќе години делуваше запуштено.

 

Тука ќе бидат поставени и нови клупи и корпи за отпадоци, со цел овие зони да прераснат во уредени маалски паркови, поволни за маалски соживот и дружба, ова го посочи градоначалникот Стефан Богоев при денешниот теренски увид во населбата.

 

Активностите за раззеленување во Карпош 2, ги спроведоа координирано  ЈП „Паркови и  зеленило“, во соработка со локалната самоуправа.

 

Општината продолжува да работи на надоместување на изгубеното зеленило. Овој период, особен акцент се става и на поставување на системи за наводнување, со цел да се обезбеди заштита и трајност на тревните површини.