Четвртоодделенците од ООУ „Вера Циривири Трена” денеска, беа во едукативна посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Тие непосредно се информираа од првиот човек на Карпош, за начинот на кој функционира локалната самоуправа.  
 
Поставувајќи конкретни прашања, основците  детално научија како работат  урбаните заедници, кои се обврските и овластувањата на Општинскиот татко, од какво значење е работата на Советот и советниците од Општина Карпош. Освен прашања, младите карпошани отворено ги изнесоа и своите предлози до Јакимовски, за подобрување на животните услови и одржување на чистата околина во која живеат.