Денеска, во просториите на Кинотеката на   Македонија, беа изложени цртежите кои најмалите карпошани ги сликаа минатата недела на плоштадот ,, Делфина“ .

Дечињата од детските градинки во Општина Карпош добија благодарници за учеството на детскиот ликовен хепенинг,, Пролетни видувања“  на кој го изразија својот сликарски талент. Исто така,  благодарници добија и нивните ментори, кои ги насочуваа и подучуваа во техниките на сликарската уметност. Како што истакна  помошник- раководителката на Секторот за дејности од јавен интерес Гордана Стојчевска- Зафировска , оваа ликовна манифестација е организирана од Општина Карпош во соработка со Детскиот ликовен центар, со цел да се поттикне и  развие сликарскиот талент кај најмладите жители на локалната самоуправа, односно преку уметничкото  творење дечињата да го истакнат својот креативен  дух.

 

–          Втора година по ред, организираме ваков убав сликарски настан, преку кој дечиња од сите 4 градинки во Општина Карпош меѓусебно комуницираат, односно преку сликање и цртање се дружат. На тој начин тие стекнуваат сликарско искуство  од најмала возраст, додека нивните ментори- воспитувачи преку оваа детска ликовна колонија, можат да го увидат, односно препознаат уметничкиот талент кај некои дечиња, нагласи помошник- раководителката Стојчевска- Зафировска.

 

Стојчевска истакна дека една седмица цртежите ќе бидат изложени во кинотеката на   Македонија, за потоа истите да бидат изложени во градинките во кои учат и се воспитуваат  дечињата, за да можат истите да бидат видени од нивните родители, баби и дедовци, односно од сите кои имаат интерес да ги видат.

 

 

 

Освен  22 – те дечиња кои учествуваа на минатонеделното сликање на плоштадот во населбата Влае и нивните 8 ментори, наградени со бладогарница беа и четирите јавни  детски установи кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, односно градинките ,,Пролет“, ,, Мајски Цвет“, ,, Распеана Младост“ и ,, Орце Николов“.  Овој  детски ликовен хепенинг, ќе продолжи да се организира и во иднина, со што истиот  ќе прерасне во една автентична детска ликовна манифестација во Општина Карпош.