Почитувани граѓани, драги карпошани,

 

Две години заедно го развиваме нашиот Карпош, срцето на Скопје!

Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош.

Направивме нов парк –  сквер во Тафталиџе 2.

Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар.

Зона за спорт и рекреација имаме и во Карпош 4.

Влае 2 доби современ парк за миленици.

Простор за домашните миленици направивме и на Кејот на реката Вардар.

Добивме нов објект на градинка во Тафталиџе 2, како и целосно нова градинка во Бардовци.

Со  „ Мој Карпош – моја картичка“ карпошани добиваат бројни попусти и бенефиции.

Се обнови и игралиштето „Сокол“, а се рестартираше и Меморијалниот турнир во мал фудбал, којшто е симбол за маалска дружба.

Целосно ја реконструиравме и улицата „Варшавска“, која доби и нова водоводна и канализациона мрежа.

Се обнови и улицата „Карпошово востание“ во населбата Карпош 3.

По повеќе децении, нов лик доби и улицата „Њуделхиска“.

„Партизан“ не го забораваме. Работиме на негово враќање во наше владение, по што ќе следи целосна реконструкција на објектот. Овој дел ќе остане со намена за спорт и рекреација.

Изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, како едно од главните ветувања во мојата програма, започнува овој октомври. Целосно ќе го разубавиме делот од Вештачката карпа до бунарите на река Лепенец, со многу спортско – рекреативни содржини и зеленило.

Ви благодарам за досегашната поддршка, за секоја критика и сугестија.

Со љубов за Карпош. Продолжуваме заедно.