180 НОВИ ДРВЈА ЌЕ ГО ЗБОГАТАТ ЗЕЛЕНИОТ ФОНД НА КАРПОШ
- октомври 29, 2026
- 0
Општина Карпош продолжува со активности за унапредување и зголемување на зелените површини на својата територија. Во рамки на есенската акција за садење, предвидено е засадување на 180 висококвалитетни листопадни садници на претходно утврдени локации. Во текот на денешниот и утрешниот ден, околу 60 садници ќе бидат засадени во урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, по што акцијата ќе продолжи и во останатите урбани и месни заедници.
Меѓу видовите кои ќе го збогатат зеленилото се горски и црвен јавор, црн јасен, липа, жалосна софора и црвенолисна слива. Со зголемувањето на зелениот фонд, Општина Карпош продолжува да придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина, создавање попријатни јавни простори и унапредување на условите за живеење на граѓаните.
























