ШАМПИОНСКА ТИТУЛА ЗА „ ШАМПИОН“ ОД КАРПОШ
- февруари 1, 2018
- 0
На овогодинешниот национален турнир во ракомет за деца во организација на ракометен клуб „Вардар“, во категоријата генерација (2002/2003 година), ракометниот клуб „Шампион“ го освои првото место и го подигна победничкиот пехар. Овој спортски ракометен детски клуб доаѓа од Општина Карпош. Локалната самоуправа, преку своето Одделение за култура и спорт, долги години работи на развивање на спортски таленти, односно ги поттикнува спортските активности кај учениците и основците кои учат во училиштата на теритоторијата на Општина Карпош.
Во лига системот на Ракометната федерација на Македонија, овој ракометен клуб, во моментот се наоѓа на високото второ место ( во есенскиот дел на табелата), со изгледни шанси да ја освои и шампионската титула.
Во клубот настапуваат и ракометари- ученици кои играат во општинската училишна ракометна лига, со што на најдобар начин, преку спортските успеси, овие млади спортисти ја промовираат и презентираат Општина Карпош. На овој турнир , за најдобар централен бек беше прогласен Андреј Јорданов а Виктор Додевски за најдобро десно крило.
Општината и во иднина ќе вложува средства во подигнувањето на млади спортски таленти, се со цел еден ден , тие да прераснат во професионални спортисти кои ќе ја претставуваат и Република Македонија.