Со   усвојување на Одлуките за одобрување на финансиски средства на проекти  од областа за заштита на животната средина , природата и енергетската ефикасност, на денешната седница на Советот на Општина Карпош, локалната самоуправа дополнително презема мерки за намалување на загадувањето и  подобрување на амбиенталниот воздух. Здруженијата „ ЗГ Зелена Планета“, „ Здружение Центар за ресурси во животната средина РЕЦ“,  „ ЗГ Натура тера“, како и „ Прв Скопски извиднички одред“, „ Институт МЕДИ“ , „ Здружение за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА“.

 

Исто  така се одобрија и финансиски средства на Организацијата  на жени на Град Скопје за проектот „ Превенција на врсничко насилство во основните училишта на територијата на Општина Карпош“, како и финансиска поддршка на Здружение за меѓукултурна соработка – ОТВОРЕНА ЗАБАВА  ЗА СИТЕ Скопје за проектот „ СПОРТ ЗА СИТЕ“.  Со одлука на Советот, македонскиот актер  Никола Ристановски е прогласен за  заслужен граѓанин на Општина Карпош за 2019 година. Исто така, советниците дадоа „ виза “ за одобрување на средства на лица со попреченост од подрачјето на Општина Карпош по повод 3-ти декември – Денот на лицата со попреченост.

 

Локалната самоуправа времено ќе ја  даде на користење без надомест еко машината за сечење  дрва и преработка во дрвен чипс на скопската Зоолошка градина.