Според планот за јавни набавки, Општина Карпош распиша тендер за избор на градежна фирма – изведувач која ќе го реконструира основното училиште „Братство“ кое се наоѓа во населбата Горно Нерези.

Со оваа иницијатива, локалната самоуправа сака да ги подобри условите за школување на учениците во овој дел на Карпош, бидејќи изградбата на стариот училишен објект датира од далечната 1937 година.