Започна уредувањето на аголот т.н. „чатал“ меѓу улицата кои ги двои населбите Трнодол и Жданец. Овој јавен простор од 400 м2 ќе прерасне во уредена зелена површина.

Службите на Општина Карпош започнаа со подготвителните активности за  чистење и рамнење на теренот. Заради поволните временски услови, овој период ќе бидат засадени и нови дрвја, а на пролет ќе се засади нова тревна површина, украсни растенија и ќе биде поставен систем за наводнување.

Овој простор со години делуваше неуредено, со прашина и често претставуваше површина за паркирање или одлагање на шут.

Иако во изминатата година се ширеа лажни вести и информации дека на овој простор ќе „никне“ нова зграда, локалната самоуправа опстојува на определбата за планско уредување и раззеленување на јавните површини.

Фокусирани сме да го надоместиме зеленилото во урбаното јадро, кое во изминатите години беше најпогодено од непланската урбанизација.

Раззеленувањето на овој дел од Карпош е и дел од изборната програма на градоначалникот Стефан Богоев.