Заврши реконструкцијата на улицата „Њуделхиска“, во населбата Тафталиџе 1.   Целиот потег долж улицата, по повеќе децении, доби нов урбан лик.

Улицата е проширена, со цел да се обезбеди поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а поставено е и ново штедливо осветлување – лед светилки со моќност од 30 вати.

 

Целосно е обновен коловозот на оваа соообраќајница и истиот е проширен, а реконструирани се и тротоарите долж улицата.

 

Реконструкцијата на „Њуделхиска“ овозможува и зголемување на протокот         на сообраќајот на овој потег.

 

Исто така, засадени се и нови садници дрвја долж „Њуделхиска“, со што се зголеми зеленилото во овој дел од Карпош.

 

Вкупно се асфалтираа 500 метри од улицата, а инвестицијата на Општина Карпош е во вредност од 3.200.000 денари.

 

Локалната самоуправа во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во Тафталиџе 1, во моментов работи на реконструкција на повеќе улици„Римска“, „Атинска“ и улицата „Карпошово востание“ во  Карпош 3.