Општина Карпош  денеска го одбележува својот 45. годишен јубилеј, односно четири и пол децении од својата самостојност. На овој датум , на 3. ноември 1976 година, со Законот за формирање на општини на Град Скопје, Карпош беше основан како посебна локална самоуправа. Оваа скопска општината го добила своето име во чест на две значајни личности од историјата на македонскиот народ:  Карпош – војвода и Христијан Тодоровски – Карпош.

Но, според некои домашни еминентни историчари, името на Општината не се поврзува само за двајцата народни херои, туку и за самиот поим на името Карпош, кој асоцира на монолитност, единствен од камен изделкан.

Последните децении, општина Карпош се движи со темпото на современите европски метрополи, во манир на урбана градска средина која континуирано се грижи за својот развој. По тој повод, на сите карпошани им го честитаме 45. роденден на Општината, со искрени желби за натамошен просперитет и благосостојба.